Кина мора да постави апсолутна граница на својата емисијата на јаглерод диоксид од 2021 до 2025 година ако сака да ги достигне своите климатски цели. Кина моментално нема поставено горна граница на емисијата на стакленички гасови и моментално емитува над 10 милијарди тони CO2 годишно, а се очекува до достигне поголем максимум пред 2030 година. Од друга страна, земјата планира да биде карбонски неутрална до 2060 година.
Кинескиот Совет за интернационална соработка за животна средина и развој, истражувачко тело основано од вицепремиерот Хан Женг, вели дека Кина мора да постави механизми за контролирање на апсолутните нивоа на емисија и да постави граници на индивидуалните провинции и индустрии.
Во својата препорака објавена вчера Советот ја повикува земјата да го поправи својот систем за проценка на јаглеродот, да направи детални планови да го електрифицира јавниот транспорт и да ги отстрани конвенционалните возила.
Како најголем емитувач на стакленички гасови во светот кинеските амбиции се во фокусот на сите во пресрет на идната рунда глобални преговори закажани во Глазгов за ноември годинава.
(Reuters)
(фото: Pxhere)