Од понeделник трета доза вакцина за oдредени категории во Македонија

- Advertisement -

Од понеделник, трета доза на вакцина ќе примаат граѓаните: над 60 години, сите здравствени работници без разлика на возраста и оние граѓани кои имаат имунокомпромитирачки проблеми без разлика на возраста.

Третата доза ќе се дава од производителот „Фајзер“ без разлика на која вакцина претходно е примена. Препораката ќе важи и за граѓани кои прележале ковид, а се вакцинирани со две дози.

- Advertisement -

Вчера од Ковакс механизмот стигнаа 100 илајди вакцини на Фајзер, а 250 илјади вакцини донации од Данска „Џонсон и Џонсон“, која се прима само една доза. Министерот посочи дека во истрагата за избувнувањето на пожарот во модуларната болница се вклучени институции, обвинителства и како што напомена, ќе дозволи најпрвин тие да констатираат, а по завршување на процесот ќе биде на располагање за разговор или изјава. До денеска се уште не стигнала оставката од директорот на тетовската болница Флорин Бесими до министерството за здравство која беше објавена на неговиот фејсбук профил.

Пандемијата со денови ја има истата висина на заразени до 500 граѓани дневно, вели министерот. Тој објасни дека во интерните клиники кои се ковид болници и на инфективната клиника има болнички места, а дневно има по 50 прегледи на граѓани на инфективна.

- Advertisement -

Фото – Freepik

Сподели!
- Advertisement -