Канадски научници направија стакло за телефони што е 5 пати поотпорно на кршење

- Advertisement -

Изгледа конечно ќе дојде крајот на скршеите екрани на телефони затоа што неодамна научници успеаја да направат стакло кое е 5 пати поцврсто од стандардното. Материјалот за стаклото е композит од стакло и акрил, а го создадоа научници од Универзитетот Мекгил во Монтреал, Канада.

Цврстото стакло е инспирирано од внатрешниот слој на еден вид школките кои прават бисери наречен „nacre“ или седеф, кој ако се гледа под микроскоп изгледа како еден ѕид направен од микро Лего коцки.

- Advertisement -

Иако станува збор за стакло, новиот материјал повеќе се однесува како пластика и не се крши на удар, велат истражувачите. Ако почне масовно производство и се пласира на пазарот, ќе може да се користи за производство на високквалитетни смартфони кои ќе бидат отпорни на кршење при пад.

Седефот е кристализиран калциум карбонат кој се формира околу секое туѓо тело кое ќе влезе во школката со цел да ја заштити. Така, всушност, се формираат бисери. Но, тој процес може да трае со години, а колку е подолг толку повеќе слоеви на седеф се додаваат на бисерот и му овозможуваат на бисерот да биде отпорен на кршење.

- Advertisement -

Седефот има цврстина на некој тврд материјал, а издржливост на некој мек материјал, што значи дека е совршена комбинација на двете. Направен е од цврсти парчиња слични на креда кои се обложени со меки протеини кои се многу еластични. Таа структура овозможува неверојатна цврстина, односно седефот е 3.000 пати поиздржлив од состојките од кои е направен“ велат истражувачите од Универзитетот Мекгил.

Нашиот нов материјал не само што е трипати поцврст од нормалното стакло, туку е 5 пати поотпорен на кршење“ додаваат тие.

- Advertisement -

За да го создадат научниците ја реплицирале архитектурата на седефот со слоеви од парчиња стакло и акрил и така добиле материјал кој е исклучително цврст, а истовремено лесно и евтино се произведува. Наредниот чекор за нив е да го подобран стаклото кое не се крши со додавање паметна технологија која ќе му овозможи да ги менува своите особини како боја, механика и проводливост.

(Daily Mail)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -