Вежбањето е трипати поефективно отколку пешачењето 10.000 чекори

- Advertisement -

Вежбањето е трипати поефективно отколку поминувањето 10.000 чекори дневно. Научници истражуваа како најдобро да се негираат ефектите од предолгото седење на биро. Тие вклучиле 2.000 луѓе во своето истражување, кои носеле уреди кои го следеле нивното движење и потоа ја тестирале нивнат физичка спремност.

Откриле дека краткотрајното интензивно вежбање како, на пример, во теретана, е трипати поефективно отколку пешачењето за да се зголеми физичката спремност на луѓето и 14 пати поефективно отколку намалувањето на бројот на часови поминати во седење.

- Advertisement -

Тоа не значи дека пешачењето не е одлична навика. Напротив, луѓето кои редвно пешачеле на крајот од истражувањето биле генерално поспремни физички, но знчително помалку отколку тие што редовно вежбале.

Уште побитно е тоа што студијата открила дека физичката активност може да ги отстрани последиците од „седечкиот“ модерен начин на живот. Сите луѓе кои пешачеле или вежбале биле генерално физички поспремни без оглед на тоа колку часови во денот поминувале седејќи.

- Advertisement -

Во експериментот биле вклучени учесници од студијата Фрамингем, кардолошка студија која во САД почнала во 1948 година. Фитнесот има огромно влијание врз општото здравје, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес, канцер и прерана смрт. Фитнесот може да ја ублажи депресијата и анксиозноста, па дури и да ја подобри способноста за учење.

Но, неактивноста, од друга страна, е глобален проблем. Повеќе од 1 од 4 луѓе не се доволно физички активни, а таа бројка кај адолесцентите е дури 80%.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -