Австралиска компанија го претвора CO2 од воздухот во градежни материјали

- Advertisement -

MCi е технолошка платформа која го претвора јаглерод диоксидот кој се испушта во атмосферата во корисни производи. Компанијата досега има дизајнирано и изградено три системи за карбонски реактори, вклучувајќи ја и својата пилот фабрика во Њукасл, Австралија, која е првата во светот што ги претвора отпадните материјали и меитуваните гасови од индустриските процеси. Од компанијата се надеваат дека до 2040 година годишно ќе можат да реупотребат 1 милијарда тони CO2 годишно.

Целта на компанијата е да помогне во борбата со климатските промени така што штетните гасови ќе ги претвори во корисен производ. MCi го зема СО2 од индустриските процеси и го комбинира со карпи во хемиски процес наречен минерална карбонизација.

- Advertisement -

Тој процес се случува и природно на Земјата, но проблемот е што се случува многу побавно. Местата како Белиот Гребен на Довер се добар пример за тоа како со милиони години наназад СО2 се апсорбира и се складира во почвата.

MCiтој процес го скрати од неколку милиони години во природата на неколку часа во индустриска средина. Резултатот од нивниот процес е материјал кој може да се користи за правење цемент или гипс.

- Advertisement -

Оваа технологија има два главни бенефити. Освен тоа што спречува СО2 да стигне до атмосферата на Земјата, може да се заменат многу материјали кои имаат огромен карбонски отпечаток. Така, минералната карбонизација не само што го враќа СО2 во една од неговите природни форми, туку се намалува штетното влијание на многу индустрии како што е таа за производство на цемент, којане одговорна за околу 8% од вкупната емисија на СО2 во светот.

Јаглерод диоксидот може да најде и друга примена. На пример, за производство на пластика, за ѓубрива и за гориво. Експертите веруваат дека до 2030 година пазарот за СО2 ќе вреди 6 трилиони долари.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -