General Motors развива батерија за автомобили со досег од 1.000 км

- Advertisement -

Американската автомобилска компанија General Motors има големи планови за пазарот за електрични автомобили. Имено, тие до 2025 година подготвуваат 30 нови електрични возила, а во иднина планираат да развијат и батерија со голем досег.

General Motors се подготвува за иднина во која електричните автомобили ќе можат да поминат речиси 1.000 км со едно полнење на батеријата. Таа иднина уште не е толку болиску, но инженерите на GM наскоро ќе почнат да работат на таа батерија во новата фабрика за истражување батерии, која ја градат во Мичиген.

- Advertisement -

Амбициите на GM се многу големи и се надеваат дека истражувачките и развојните тимови во тој погон на компанијата ќе можат да ги остварат зацртаните цели – батерии кои ќе траат подолго и ќе се полнат многу брзо, а ќе бидат и помалку штетни за околината.

Од компанијата не сакаат да откријат колку ќе чини изградбата на новата фабрика Wallace Battery Innovation, ниту колку инженери ќе работат таму, но некои експерти нагаѓаат дека оваа инвестиција тежи стотици милиони долари. Ако успеат во своите намери, јасно е дека таа инвестиција ќе биде и повеќе од оправдана.

- Advertisement -

Станува збор за иновациски центар во кој ќе се развиваат и ќе се тестираат нови технологии и батерии, но во него нма да се произведува ништо. За производство GM гради две фабрики во соработка со LG Chem.

(The Verge)

- Advertisement -

(фото: General Motors)

Сподели!
- Advertisement -