Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци неповолни, залихите на готови производи зголемени

- Advertisement -

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на септември 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, повикувајќи се на оценките на раководителите на деловните субјекти, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2021 во однос на август 2021 година е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

- Advertisement -

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2021 година е намален за 0,2 проценти поена во однос на август 2021 година и изнесува 14,8, а во однос на септември 2020 година е зголемен за 1,8 процентни поени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2021 година изнесува 70,2 отсто од нормалното искористување.

- Advertisement -

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,6 проценти, неизвесното економско опкружување со 13,9 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 17,6 отсто и недоволната домашна побарувачка со 12,1 отсто.

Сподели!
- Advertisement -