Овој електричен моторцикл може да го склопите и да го чувате под биро

- Advertisement -

Колку често се грижите што нема каде да се паркирате? Особено ако живеете во густо населени градови, каде што тоа е многу голем проблем. Токму затоа јапонскиот стартап Icoma разви електричен моторцикл кој може да се склопи и да се стави под биро.

Според сајтот New Atlas, кога целосно ќе се расклопи моторциклот е долг 1,2 метри, висок 1 метар и широк 65 см. Има мотор од 600 вати кој се напојува со 12-Ah литиум-јонска батерија. Максималната брзина која може да ја достигне е 40 км/ч, со максимален досег од околу 50 км.

- Advertisement -

Електричниот моторцикл го носи името Tatamel и моментално има целосно функционален прототип, но уште не е во производство. Tatamel има многу корисни опции како што е кочници на предното и на задното тркало и можноста да се полнат други уреди со неговата батерија. Исто така, има ЛЕД светла и странични панели за реклами.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -