Богатството на сопственикот на компанијата Tesla, Илон Маск, за само еден ден се зголеми за 36 милијарди долари, што е најголемата еднодневна добивка во историјата на индексот на милијардери на Bloomberg.
Според евиденцијата на Bloomberg, нето-богатството на Маск сега изнесува 288,6 милијарди долари. Тоа е резултат на спектакуларниот вчерашен скок на акциите на Teslа на Њујоршката берза од речиси 13%.
Личното богатство на Маск, според Bloomberg, сега ја надминува пазарната вредност на Toyotа од 282 милијарди долари, на General Motors (83,9 милијарди долари) и на Ford (62,8 милијарди долари).
„Фантастични 1 трилион долари“ напиша Маск на Twitter по затворањето на берзата синоќа. Според податоците на Bloomberg, Маск сега е за речиси 100 милијарди долари побогат од Џеф Безос, чие богатство на затворањето на Волстрит изнесуваше 192,6 милијарди долари.
(Al Jazeera Balkans)
(фото: Flickr)