Вештачка интелигенција наскоро ќе овозможи комуникација меѓу луѓе и китови

- Advertisement -

Меѓународна група научници верува дека најдоцна за пет години отсега ќе добиеме можност да комуницираме со китови. Научници од неколку универзитети од САД, Јапонија и Велика Британија употребија вештачка интелигенција за да ги преведат криковите на големи китови, кои тие ги користат за комуникација меѓусебе.

Научниците користеле посебно процесирање на природен јазик или NLP, подвид на вештачка интелигенција кој се фокусира на процесирање на пишаниот и изговорениот човечки јазик, а ќе ја тестираат на 4 милијарди крикови на китовите.

- Advertisement -

Планот е секој звук да се стави во корелација со специфичен контекст, а за тоа, според вештачката интелигенција, ќе требаат околу 5 години работа. Ако успеат во тоа, идниот чекор е развој на интерактивен четбот кој ќе стапува во дијалог со китовите кои живеат во дивината.

„Ако откриеме дека постои една цела цивилизација буквално пред нашиот нос, можеби тоа ќе резултира со поголеми промени во нашиот однос кон околината“, вели Мајкл Бронстајн, одговорен за машинското учење во проектот.

- Advertisement -

Мозокот на китовите е 5 пати поголем од мозокот на луѓето и е најголем на Земјата. Иако мозоците им се различни, луѓето и китовите имаат сложен комуникациски систем и живеат во кругот на семејството.

Со цел да го олеснат собирањето податоци од китовите научниците создадоа специјални неинзвазивни меки уреди кои се поставуваат на китовите и собираат звучни податоци.

- Advertisement -

(Harvard)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -