McDonalds ќе воведе вештачка интелигенција на своите ленти за нарачување

- Advertisement -

McDonald’s склучи стратешко парнерство со IBM за развој на технологија за вештачка интелигенција со цел автоматизација на лентите за нарачување (drive-thru). Како што изјавија од компанијата, сметаат дека ова парнерство е идеално затоа што IBM е експерт за воведување вештачка интелигенција во решенија за корисничка поддршка и препознавање говор.

Ова сигурно нема да биде едноставен проект затоа што комуникацијата со вeштачка интелигенција за нарачување храна ќе биде голем предизвик и ќе треба доста трпение за развој на интелигенција која добро ќе го разбира човечкиот говор. Понатаму, ова решение значи дека многу луѓе е ги изгубат своите работни места.

- Advertisement -

Како дел од новото партнерство, IBM ќе ги купи McD Tech Labs, кои ја произведуваат технологијата за новите ленти за послужување. McDonald’s летово веќе ја тестираше технологијата на McD Tech Labs во неколку ресторани во Чикаго и како што велат, тестовите покажале огромни бенефити за купувачите и за самите вработени. Понатаму, додаваат дека и вработените добро реагирале на новиот систем.

Вистинскиот тест, сепак, ќе биде да се види дали автоматизираниот систем ќе може да се справи со купувачи кои се нервозни поради погрешна нарачка или дали ќе може да ги разбере сите акценти и сечиј говор. Досегашните тестови покажале деа новиот систем веќе може да процесира 80% од нарачките со точност од 85%.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -