Државата Масачусетс во САД ќе стане првата која инсталирала солара звучна бариера. Соларната бариера ја дизајнирала локалната компанија Ko-Solar. Иновативниот систем на бариерата ги заменува обичните панели со соларни.
Компанијата е специјализирана за инсталирање панели на необични места како што се индустриски постројки или паркинзи, па оваа иновација е совршено дополнување на нивното портфолио. Ако се оди според планот, меѓународниот пат 95 во регионот на Бостон наскоро ќе биде подновен со интересен додаток.
Компанијата Ko-Solar соработувала со локалното Министерство за транспорт на развојот на пилот-проектот за поставување на соларните панели на звучни бариери во должина од нешто помалку од 1 км. Панелите ќе бидат поставени на метална мрежа која ќе се додаде на постојните 160 бетонски звуни бариери на автопатот I-95.
„Ако ова ни успее, се отвораат вратите за многу други проекти на други локации. Зошто не би го адаптирале она што веќе го имаме и да ја направиме постојната структура обновлива. Звучни бариери има на многу места“ велат од Ko-Solar.
Металната мрежа нема само да ги држи соларните панели на звучните бариери, туку панелите ќе бидат поставени под таков агол што ќе овозможи максимално искористување на сончевата енергија во текот на денот. Панелите ќе бидат поставени на страната од звучните бариери која гледа кон автопатот.
Се очекува дека овој иновативен проект ќе може да генерира околу 800 мегават-часови енергија годишно, што е доволно да се напојуваат со енергија 100 куќи.
(Interesting Engineering)
(фото: Facebook)