Научници од лабораторијата за органска електроника на шведскиот Универзитет Линкопинг претставија интересен истражувачки проект во кој демонстрираа како билките може да се користат за складирање енергија.
Тој процес, за кој е потребно полевање на билките со посебен раствор за нивните корени да станат електропроводливи, научниците го гледаат како доказ за концептот за суперкондензатор базиран нa корени, како и за биохибридни системи кои ги спојуваат биолошките процеси со електронички функционалности.
Новиот проект се базира на претходни истражувања предводени од групата Electronic Plants на д-р Елени Ставриниду. Во 2015 година научници успешно изработија електрични кола во ваксуларно ткиво од ружа со дозирање на билките со полимер наречен PEDOT, при што колата се користеа за формирање транзистори. Во 2017 година научници наместо тоа додадоа конјугиран олигомер наречен ETE-S, кој формираше полимери во билките кои станаа способни да склaдираат енергија.
Како што вели Ставриниду, претходно работеле со билки пресечени од корен, но тие можеле да преживеат само неколку дена. Во новата студија користат недопрени билки, вообичаено билки од грав израстени од зрно, и докажуваат дека билките може да станат електроспроводливи кога се полеваат со раствор кој содржи олигомери.
Билката која ја користеле во студијата се вика Phaseolus vulgaris и полимеризира конјугиран олигомер ETE-S кој се содржи во раствор за полевање како дел од природниот процес. Со тоа на корените се создава слој во форма на полимер и целиот коренски систем се претвора во мрежа од проводници, кои остануваат електроактивни повеќе од 4 недели.
Според мислењето на истражувачите, овој нивен труд претставува патоказ за интегрирање на енергетски системи во билките без загрозување на нивните биолошки функции. Студијата е објавена во списанието Materials Horizons.
(Vidi.hr)
(фото: Pixa Hive)