Почнувајќи од денеска па се до 25.11.2021 отворено е онлајн номинирањето во изборот “Жена на годината 2021” во десет посебни категории.
Во номинирањето на кандидатки за победнички по категории може да се вклучат сите посетители на веб сајтот www.zenanagodinata.mk со пополнување на формата која е достапна на следниов ЛИНК.
При самото номинирање, веб посетителите треба да ги земат во предвид следниве критериуми што треба да ги исполнуваат номинираните кандидатки:
1.Забележале значајни професионални резултати
2. Реализирале општествено значајни проекти
3.Препознатливи се како жени со највисоко ниво на деловни и етички стандарди
Фазите во изборот Жена на годината 2021 и предвидената динамика може да се следат на следниов ЛИНК.
Прогласувањето на победничките по категории и овогодинешната Жена на годината, ќе биде во склоп на настанот “200 жени претприемачки” што ќе се оддржи на 16.12.2021 во Скопје. Деталите за локацијата и почетокот на настанот ќе бидат дополнително споделени со јавноста.