Првата македонска платформа Бинтерн ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за побрзо и поедноставно да почнат кариера преку пракса и работа. Бинтерн е стартап-компанија поддржана и од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во рамки на повикот „Стартапувај 2″.
– Платформата Бинтерн досега има преку 40 успешни приказни (луѓе кои започнаа кариера во компании), преку 110 регистрирани компании на платформата и повеќе од 20 огласи секој месец, а на платформата досега се регистрирани околу 2500 студенти и дипломци од различни струки кои се спремни да ја започнат нивната кариера, информира компанијата.
Има склучено соработки и со повеќе студентски организации, универзитети и едукативни центри, со цел да ја доближи платформата до студентите и да ги зголеми нивните кариерни можности за пракса и работа во некоја компанија.
– Бинтерн беше организатор и на Jobathon, односно Hackathon за вработување, на кој учесниците имаа задача да програмират решение за потоа компаниите да си изберат дел од најдобрите програмери и да им понудат работа кај нив. Битолскиот стартап е организатор и на Emerging Technologies со цел да сe соеднини ИТ-заедницата и да се разменат искуства и знаења, наведува компанијата. хс/дма/