САД им предлагаат на големите купувачи координирана продажба на нафта од стратешките резерви

- Advertisement -

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги повика големите купувачи на нафта како Индија и Јапонија да продаваат нафта од стратешките резерви за да го спречат растот на цените, а првпат е упатен апел и до Кина.

Како што пренесуваат американските медиуми, Соединетите Американски Држави се соочуваат со зголемени цени на бензинот и други трошоци, поради што американскиот претседател е под притисок, особено пред конгресните избори во 2022 година.

- Advertisement -

ОПЕК + планира скромно да ја зголеми својата понуда во декември, за само 400.000 барели дневно, со образложение дека изгледите за побарувачка се неизвесни поради постојаното ширење на инфекцијата со Ковид – 19.

Во такви околности, администрацијата на Бајден побара од големите купувачи на нафта како Индија и Јапонија, но првпат и од Кина, да размислат за продажба на нафта од стратешките залихи.

- Advertisement -

„Членовите на тимот за национална безбедност на Бајден разговараа за потребата да се задоволи побарувачката за гориво“, изјави во четвртокот портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Таа додаде дека за тоа постојано се зборува, со голем број партнери. Во разговорите, меѓу другите, се вклучени Индија, Јапонија и Јужна Кореја.

- Advertisement -

САД во моментов имаат најголеми резерви на нафта во светот, нешто повеќе од 600 милиони барели, а ги продадоа во координација со своите сојузници уште во 2011 година, за време на војната во Либија. Координатор беше Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), чии членки се САД, Јапонија и многу европски земји.

(МИА)

(фото: Pxfuel) 

Сподели!
- Advertisement -