Русија заедно со НАСА ќе ја истражува Венера

- Advertisement -

Русија постигна договор за истражување на планетата Венера во заедничка мисија со САД, изјави директорот на руската вселенска агенција Roskosmos, Дмиртриј Рогозин.

Се договоривме со Американците за заедничка мисија на Венера. Заедно полесно ќе го прифатиме предизвикот и од економска и од техничка гледна точка“ истакна Рогозин.

- Advertisement -

Таквите проблеми полесно се решаваат ако заеднички се користат талентите на нашите научници, рече Рогозин, но не наведе кога ќе почне мисијата.

Најблискиот планетарен сосед на Земјата, Венера, е со слична големина како нашата планета, но нејзината површина е составена од густи облаци, а поради катастрофалните ефекти на стаклена градина на површината температурата е неколку стотини степени Целзиусови.

- Advertisement -

Русија првично ја најави мисијата на Венера минатата година, со прелиминарни датуми за лансирање од 2027 до 2029 година. Неодамна Обединетите Арапски Емирати ја објавија својата намера да ја истражуваат таа планета.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -