Азиски берзи: Пад на акциите, зголемени цените на нафтата

- Advertisement -

На азиските берзи денеска, цените на акциите дополнително паднаа бидејќи инвеститорите останаа небезбедни поради појавата на новиот сој на коронавирусот, додека цените на нафтата надоместија некои од големите загуби од петокот. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, беше намален за 0,2 отсто околу 7 часот наутро, откако во петокот потона за околу 2 отсто. Утрово на токиската берза индексот Никеи се лизна за 1,5 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 0,2 и 0,9 отсто.

По остриот пад на берзанските индекси во петокот, пазарите се уште се неизвесни за нова варијанта на коронавирусот, наречена Омикрон.

- Advertisement -

Иако лекарите од Јужна Африка, каде првпат се појави оваа варијанта, велат дека заразените немаат потешки симптоми од другите варијанти на вирусот, Јапонија утринава објави забрана за странски туристи од крајот на месецот.

Како резултат на тоа, цените на акциите на локалните авиокомпании и туристичките компании нагло паднаа.

- Advertisement -

„Оваа варијанта, се чини, не е толку страшна како што се мислеше во петокот. Сепак, сепак може да предизвика пад на апетитот за ризик кај инвеститорите, но и намалување на глобалната потрошувачка. Ситуацијата дефинитивно ќе биде покомплицирана во следниот период“, вели Џон Вејл, стратег во Нико Асет Менаџмент.

Како резултат на тоа, азиските инвеститори не беа охрабрени од растот на фјучерс индексите во Европа и во САД, што е најава за закрепнување на европските берзи и Волстрит по остриот пад во петокот.

- Advertisement -

А на валутние пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути неутрализираше дел од загубите од петокот, кога падна за 0,7 отсто. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 96,26 поени, додека во петокот затвори на 96,03 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 113,35 јени на 113,65 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1275 долари, додека во петокот на затворањето на пазарот беше 1,1320 долари.

Цените на нафтата, пак, утрово значително пораснаа, откако во петокот потонаа за повеќе од 11 отсто, што е нивен најголем дневен пад оваа година. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 4,25 отсто на 75,80 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 5,05 отсто на 71,55 долари.

Сподели!
- Advertisement -