Светската здравствена организација даде глобално предупредување дека сите земји во светот мора да се подготват за омикрон варијантата на корона вирусот, посебно нагласувајќи дека дополнително треба да се вакцинираат најранливите категории.
СЗО објави технички податоци за омикрон варијантата, која изминатиот петок веќе е класифицирана како загрижувачка варијанта (variety of concern, VOC). Вкупниот глобален ризик за новата VOC омикрон се оценува како многу висок, се вели во соопштението.
СЗО омиркон ја опиша како варијанта со голем број мутации, некои од кои може да бидат поврзани со потенцијални избегнување на имунитетот и поголема преносливост. СЗО истакнува дека се уште постои голема несигурност околу појавата на новата варијанта. Затоа ги повикаа сите држави да го зголемат надзорот над сите варијанти на корона вирусот, вклучувајќи ја и омикрон варијантата, како и да го засилат вакцинирањето што е можно побрзо, особено кога станува збор за високо приоритетните и ранливи категории луѓе. Епидемиолошките мерки како носењето маски и социјалното дистанцирање и понатаму остануваат клучни во борбата против оваа пандемија, порачаа од СЗО.
(RT)
(фото: Flickr)