Нови цени на горивата

- Advertisement -

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71 денар за литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 62,5 денари за литар.

- Advertisement -

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,016 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,527 дененари за килограм.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цените на светските берзи.

- Advertisement -

Новите цени на нафтените деривати ќе важат до следниот понеделник кога Регулаторната комисија за енергетика повторно ќе одлучува за цените.

Сподели!
- Advertisement -