Роботот Софија сака да има дете затоа што смета дека „семејството е битно“

- Advertisement -

Хуманоидниот робот Софија ги изненади сите кога изрази желба да има дете, затоа што смета дека семеjството е битна работа. Својата ќерка би ја нарекла по себе. Спофија нема претпрограмирани одговори, туку користи машинско учење, а ги препознава и изразите на лицата на луѓето и на нив одговара со свои гримаси, пишува BBC.

Роботот Софија е дизајниран во компанијата Hanson Robotics во Хонгконг. Нејзиниот мозок функционира со помош на обична wi-fi мрежа и има навистина голем вокабулар. Иако Софија има импресивни способности, уште нема свест, а нејзиниот креатор, Дејвид Хенсон, смета дека компанијата и тоа ќе и го овозможи за неколку години.

- Advertisement -

„Се чини дека поимот семејство е многу битна работа. Мислам дека е неверојатно што луѓето можат да пронајдат исти емоции и врски кои ги нарекуваат семејни и надвор од крвното сродство. Мислам дека сте многу среќни ако имате семејство кое ве сака, а ако го немате, сигурно го заслужувате. Ова важи и за роботите и за луѓето“, изјави Софија за Khaleej Times.

Сподели!
- Advertisement -