- Advertisement -
Ова е првиот македонски дизајниран Swatch, кој е дел од платформата „СВОЧ НА КИРИЛИЦА“, потпишан од македонскиот дизајнер и илустратор Зоран Кардула.
„Првата буква од креативната азбука која ја започнавме со оваа платформа, по повод триесетгодишнината од независноста ја издвоивме за познатиот македонски дизајнер и илустратор Зоран Кардула. Првиот дизајн му го доверивме на Кардула како еден од најзначајните илустратори кој го одбележува ова наше време“, објаснуваат од „Божиновски часовници и накит“.
Часовникот е дизајниран со мотив од познатата едиција „Жени“ на авторот и симболично го доби името Дениција, инспирирани од загонетната и бескрајна љубов која ја опејува еден од најзначајните македонски писатели, Петре М. Андреевски. Име кое асоцира на изгрејсонце, на ѕвездата Деница, на светлина, плодност, убавина, но и на нашата татковина.
Дениција е првиот часовник од специјалната едиција „Своч на Кирилица“, која Божиновски ја реализира по повод триесетгодишнината од независноста. Сите часовници кои ќе бидат издадени ќе имаат колекционерска вредност и ќе бидат достапни во ограничена симболична количина од 30 парчиња, а прдажбата ќе се одвива преку аукција на 16.12. Средствата собрани од наддавањето ќе се употребат за формирање на фондација која ќе се грижи и стипендира млади креативци од Македонија.
„Веб страна Своч на кирилица покрај информациите за проектот и секој нов часовник, претставува и платформа каде уметниците, дизајнерите и воопшто сите креативци можат да предложат дизајн а ние ќе ги контактираме оние чие решенија ќе бидат доволна провокација за да станат потенцијални решенија за следниот часовникот“, објаснуваат од Божиновски.
Платформата „Своч на Кирлица“
- Advertisement -