Речете им збогум на очилата за читање, барем ако имате помалку од 65 години. Новите капки за очи наречени Vuity, која ја одобри Агенцијата за храна и лекови во САД во октомври годинава, ќе го смени животот на милиони Американци кои имаат проблем со кратковидност поради старост.
Овој проблем со видот го имаат околу 128 милиони жители постари од 40 години, а капките за очи се добри и за луѓе помлади од 65 години. Vuity почнува да дејствува за само 15 минути и дејството и трае 6 до 10 часа.
Капките ја засилуваат способноста на зениците да се намалуваат. Со намалување на зеницата се проширува длабината на фокусот и се овозможува фокусирање на различни предмети на различно растојание.
Во тестирањето учествувале 750 лица, кои биле пресреќни со резултатите и изјавиле дека ќе им го сменат животот.
Цената на капките е 80 долари за 30 дена. Тоа не е евтино, но не е ни скапо. За жал, сега во оваа фаза од развојот предизвикуваат и несакани ефекти како главоболска и црвенило на очите и се препорачува да не се ставаат додека се вози или додека се работи во услови на слабо осветлување.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)