Русија воведува вештачка интелигенција во својата надворешна политика

- Advertisement -

Руското Министерство за надворешни работи сака да користи вештачка интелигенција со помош на која може да вршат многу аналитички процеси во политиката на меѓународните односи. Веста за тоа ја соопшти самото министерство, кое планира тоа да го постигне со изработка на нови биг-дата системи базирани на вештачка интелигенција.

Партнер во тоа ќе им биде Институтот за програмирање системи Иваников и во соработка со нив ќе развие концепт за наведениот систем во 2022 година, изјави спрецијален претставник за дигитална трансформација на руското Министерство за надворешни работи.

- Advertisement -

Врз основа на резултатите од концепт дизајнот ќе биде одредена и програмата на финансирање, но засега тоа е предмет на расправа, велат оттаму. Одбиваат да откријат точно какви податоци ќе анализира вештачката интелигенција и додаваат дека постојат многу различни процеси во надворешната политика каде што таа интелигенција може да помогне.

Министерствата за надворешни работи на повеќе земји користат вештачка интелигенција во својата работа. Еден од таквите примери е британскиот, каде што се користи модел за проценка на дистрибуцијата на населението во земјите во развој базиран на анализа на сателитски снимки и користење машинско учење. И Кина работи на слични решенија.

- Advertisement -

(RT)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -