Шефот на Teslа и SpaceX и воедно најбогатиот човек во светот, Илон Маск, на Twitter откри точно колку данок ќе и плати на државата за 2021 година. Како што објави во својот статус на социјалната мрежа и со тоа стави крај на гласините, тој ќе плати околу 12 милијарди долари даночен долг за 2021 година.
Маск од почетокот на ноември досега продаде околу 12,9 милиони акции во Teslа, вредни речиси 14 милијарди долари. Тоа го направи откако доби позитивен одговор на анкетата која ја организираше за Twitter заедница за прашањето дали да продава акции во Teslа за да си ги плати даноците.
Откако твитерашите му одговорија со „да“, Маск почна офанзива за пасовна продажба, но изгледа дека тоа распродавање на акциите е мотивирано и од прагматична загриженост за бизнисот.
Маск има рок до август идната година да склучи договор со кој би искористил околу 22,9 милиони акционерски опции, кои би му овозможиле купување на акции во Teslа за околу 1% од нивната моментална вредност .За да може да ги направи тоа, тој мора да плати данок на продадените акции.
Проценката на Маск за данокот што мора да го плати се совпаѓа со бројките кои ги наведуваат во медиумите. Шефот на Teslа мора да плати околу 8,2 милијарди долари данок врз основа само на продажбата на акции во 2021 година. Освен тоа, мора да плати и околу 900 милиони долари данок на нето-приход од инцестиции и дополнителни 2,9 милијарди долари данок на сојузната држава Калифорнија, каде што Tesla до неодамна имаше седиште, пред Маск да се пресели во Тексас.
(RT)
(фото: Flickr)