- Advertisement -
Јапонскиот милијардер кој помина 12 дена на Меѓународната вселенска станица се врати на Земјата, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос,
Јусако Маезава, 46-годишен милијардер, неговиот асистент Јозо Хиноро и русткиот астронаут Александар Мисуркин се спуштија со падобран во казахстанската степа денес околу 4 часот наутро.
- Advertisement -
„Туристичкиот лет на вселенското летало Sojuz MS-20 е завршен“ се наведува на страницата на Роскосмос.
Двајцата Јапонци се првите туристи кои самостојно го платија патот. Тоа е првата туристичка посета на Меѓународната вселенска станица од 2009 година. Цената на патувањето не беше објавена.
- Advertisement -
(N1)
(фото: YouTube)
- Advertisement -