Европската агенција за лекови одобри вакцина против КОВИД-19 поинаква од сите други

- Advertisement -

Европската агеција за лекови ја одобри употребата на Novavax вакцината против корона вирусот во Европската унија. Откако Европската комисија ќе даде официјално одобрение, вакцината Novavax, која ја произведуваат истоимената американска компанија и индискиот Институт Серум, оваа вакцина ќе биде петтата вакцина против корона вирусот одобрена за употреба во ЕУ.

ЕУ веќе потпиша договор за набавка на 100 милиони дози од вакцината. И СЗО потпиша договор за итна употреба на оваа вакцина. Американскат вакцина доби дозвола за употреба кај лица постари од 18 годни и е петтата одобрена вакцина во ЕУ. Претходно беа одобрени вакцините на Pfizer-BioNTech, Moderna, Johnson&Johnson.

- Advertisement -

Оваа вакцина се разликува од сите досегашни вакцини. Имено, вакцината не е векторска, какви што се AstraZeneka и Sputnik, ниту е вакцина која се базира на МРНК технологијата како што е Рfizer и Moderna.

Novavax е протеинска вакцина која покажала ефикасност од 90,4% на клиничките истражувања на околу 30.000 испитаници во САД и Мексико.

- Advertisement -

(Index)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -