Истражувачи од МИТ открија како да направат батерии долги со километри

- Advertisement -

Истражувачи од МИТ ја направија најдолгата флексибилна батерија во светот. Батеријата е литиум-јонска и е во форма на ултрадолог влакно. Долга е 140 метри и како што велат, може да се издолжува уште многу, многу повеќе.

Студијата објавена во списанието Materials Today вели дека должината на батеријата е само концепт за материјалот, кој може да се произведе во неверојатно големи должини.

- Advertisement -

Батеријата била направена за прва употреба во т.н. термален метод на цртање и во иднина ќе може да се користи за производство на 3Д батерии во каква било форма. Аспоред тимот научници, литиум-јонската батерија нуди и низа други можности за комункација, сензори, компјутерски уреди кои може да се носат како облека со батерии која ќе ја замени обичната облека.

Новата батерија е направена од нов гел за батерии и стандарден систем за плетење влакна. Во објавата за печат од МИТ истакнаа дека претходните обиди да направат батерии во форма на влакна се состоеле од структурни материјали на надворешноста на влакното. Новата верзија има литиум и други материјали во влакното, додека однадвор има заштитен слој.

- Advertisement -

Како што додаваат, батеријата нема ограничување на должината, што значи дека може да направат батерија долга и 1 км.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -