Денеска се одлучува за новата цена на струјата!

- Advertisement -

На само ден пред дочекот на Новата година граѓаните ќе ја слушнат „честитката“ од власта – новата зголемена цена на струјата. И покрај тоа што сите изминати месеци, особено последниве денови Регулаторната комисија, односно надлежните, се обидуваат да звучат смирувачки, дека струјата ќе поскапи околу 10 проценти, луѓето немаат доверба.

Предвидувањата пак, од познавачите и енергетските експерти, се далеку поцрни, односно дека зголемувањето ќе биде за 50 отсто. Како и да е, на наизвесноста и дојде крајот, бидејќи денеска Регулаторна ќе има конечна информација.

- Advertisement -

Она што дополнително ги вознемири луѓето е најавеното барање од БЕГ за поскапување на цената за парното греење за 300 отсто. И за ова Регулаторна се обидува да смири толкувајќи го како несоодветно и нереално барање во овој момент, бидејќи ако се случи, тоа би значело масовно исклучување на граѓаните од системот на парно греење и преминување кон употреба на електричната енергија. Ова ќе значи сериозни проблеми во дистрибутивната мрежа во деловите на Скопје, каде што има парно, оти не е подготвена да прими енормно зголемена потрошувачка, а ќе се влоши и состојбата во однос на набавката на струјата.

Што ќе се биде епилогот во врска со цената на парното не се знае. Денеска граѓаните прво ќе го слушнат поскапувањето на цената на струјата.

Сподели!
- Advertisement -