Маск прогнозира дека луѓето ќе живеат на Марс за помалку од 10 години отсега, што дефинитивно е амбициозна цел. Маск ова предвидување го направи за време на двоиполчасовното интервју кај подкастот на Лекс Фридман.
Кога го прашале кога мисли дека SpaceX ќе ги однесе луѓето на Марс, Маск одговорил дека во најдобар случај тоа ќе биде за 5 години отсега, а во најлош случај за 10 години.
Како што изјавил Маск, најголемата пречка за SpaceX е создавањето возило кое може да ја цената на превозот во орбитата, а потоа и до Марс.
„Starship е најсложената и најнапредната ракета која кога било е изградена“ рекол Маск и додал дека најбитната оптимизација на Starship е да се минимизира трошокот по тон во орбитата и на крај трошокот по тон до површината на Марс.
Како што изјавил, моментално не може да се стигне до Марс ниту за 1 трилион долари, па Маск се надева дека ќе го намали оперативниот трошок на Starship за 100-200 милијарди долари годишно.
За споредба, НАСА издвои буџет од 546,5 милиони долари за својата програма за истражување на Марс во 2020 година кога го лансираше роверот Perseverence и буџет од 6,88 милијарди доалри за програмата Artemis за 2021 година. Целиот оперативерн буџет на НАСА за 2021 годиа беше 25 милиајрди долари.
Времето ќе покаже колку е реалистично предвидувањето на Маск.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)