Автомобилот од иднината нема волан, педала за гас, ниту кочници

- Advertisement -

Дали во иднина навистина возењето и управувањето со автомобилите навистина целосно ќе им го препуштиме на компјутери? Моментално сме далеку од тоа сценарио, но првите чекори во тој правец се направени одамна. Најголем чекор направи Google, односно нивната компанија Waymo, која во САД веќе овозможува услуга на автономен превоз со такси кои се управувани од компјутер и во кои нема луѓе возачи. Сепак, во нивните возила има рачна кочница, волан и педали за гас и за кочење, но ако во иднина навистина компјутерите ја преземат целосната контрола, нема да има потреба за педали и волан.

Како ќе изгледаат таквите автомобили дознаваме токму од Waymо, која на својот блог објави дека склучиле договор со кинескиот производител на автомобили Geely за користењето на нивните автомобили во својата флота. Оваа компанија разви електрично возило наменето за автономен превоз наречено Zeekr, кое e дизајнирано во Шведска, а според договорот со Waymo, тоа возило ќе се опреми со технологија од американската компанија и во иднина ќе се користи во склоп на нивната флота од такси возила.

- Advertisement -

Zeekr нема волан, ниту педали за гас и за кочење, туку целосно е прилагодено за удобност на патниците. На предниот дел наместо класична контролна табла има само еден голем таблет кој е центар за инфотеинмент системот, а од Waymо посебно нагласуваат дека има простран ентериер и доволно место за нозете и главите на патниците.

Тој автомобил Waymo ќе го преуреди со свои сензори и камери и софтвер за автономно возење за да се приклучи на нивните такси возила во САД. Кога ќе се случи тоа точно не е познато, но новите автономни автомобили на американските патишта можеме да ги очекувам ево текот на наредните неколку години.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -