Истражувачи го направија првиот 3Д печатен флексибилен ОЛЕД екран

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот на Минестоа го направија првиот 3Д печатен флексибилен ОЛЕД екран во светот. Ова е откритие кое на луѓето ќе им овозможи самите да печатат екрани дома наместо да зависат од компании кои произведуваат панели во далечни фабрики.

Истражувачите користеле екструзија за печатење на електродите, интерконекторите, изолацијата итн. Активните слоеви потоа биле обоени на собна температура. Се на се, шест слоеви биле 3Д печатени за да се изгради флексибилен и целосно функционален дисплеј.

- Advertisement -

„ОЛЕД екраните вообичаено се произведуваат во големи, скапи и ултрачисти фабрики. Сакавме да видиме дали можеме да направиме ОЛЕД екран во нашите домови со 3Д принтер кој е уникатен во светот и чини исто колку Tesla Model S“ вели Мајкл Мекалпин, еден од постарите автори на студијата.

3Д печатениот екран е широк само 1,5 инчи и има само 64 пиксели. Прототипот на Универзитетот на Минесота не е нешто невидено, туку напротив, истражувачите веруваат дека нивниот процес може да се подобри и во иднина да се прават посложени дисплеи.

- Advertisement -

За споредба, за еден екран од 1080p потребни се повеќе од 2 милиони пиксели, што значи имаат уште работа. Исто така, треба да се напомене дека тимот користел исклучително скап принтер, па ќе помине доста време додека процеост на 3Д печатење ОЛЕД екрани може да го прави секој во својот дом.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -