Panasonic воведува четиридневна работна недела

- Advertisement -

Јапонската компанија за електроника Panasonic соопшти дека воведува четиридневна работна недела за сите заинтересираните вработени.

Со тоа, Panasonic се приклучува на уште неколку големи јапонски компании и други компании во светот кои ќе се обидат да ја подобрат рамнотежата помеѓу работата и животот на своите вработени.

- Advertisement -

Одлуката доаѓа по препораката изречена минатиот јуни од страна на јапонската влада до компаниите, да им дозволат на своите вработените да одлучат дали сакаат четиридневна работна недела.

Дел од јапонските компании се соочуваат со недостаток на соодветен персонал, па се обидуваат да ги привлечат добрите работници преку предлози за повеќе викенди, слободни денови и воопшто подобри услови.

- Advertisement -

Во меѓувреме пак, јапонските пратеници дискутираат за опцијата за воведување на дополнителен слободен ден во државата.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -