Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.
Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.
„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.
Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.
Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.
Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.
Фото – Commons.Wikimedia