Полски истражувачи измислија звучни топови против смог

- Advertisement -

Во битката против смогот во Полска, научници тестираат нов „топ“ кој користи звучни бранови за да ги турка токсичните честички повисоко во атмосферата, јавува „Франс прес“.

Инсталиран врз метален контејнер, експерименталниот уред се состои од голем превртен конус кој испушта силен звук на секои шест секунди. Целта е да се отстрани смогот од градот Калварија Зебрзидовска, кој како и многу други полски градови се соочува со проблемот секоја зима.

- Advertisement -

Полска е една од најзагадените земји во Европа, која ги прекршува нормите на Европската Унија.

Со создавање звучни бранови, истражувачите велат дека „топот“ помага да се намали концентрацијата на штетните ПМ 2.5 и ПМ 10 честички во воздухот.

- Advertisement -

Токсичните честички се „испраќаат“ неколку стотици метри повисоко, што ги прави безопасни за жителите.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -