16.000 граѓани останале без работа за време на пандемијата

- Advertisement -

16.000 граѓани добиле отказ бидејќи нивните работодавали биле сериозно погодени од пандемијата на коронавирусот и повеќе не можеле да им обезбедат редовни плати. Пресметките на бизнис заедницата се дека оваа бројка е тројно поголема и се движи околу 40 илјади лица. Во Агенцијата за вработување има 185 илјади неваработени од кои 131 илјада  се активни а 54 илјади се пасивни баратели на работа.

Пандемијата на коронавирусот која сериозно ја стресе домашната но и светската економија е директна причина за отказ на 16 илјади лица, покажуваат официјалните бројки на Агенцијата за вработување. Пресметките на бизнис заедницата се дека оваа бројка е тројно поголема и дека од почетокот на пандемијата во државата и прогласувањето на кризната состојба во Македонија на 11 март минатата година досега работното место го загубиле околу 40 илјади граѓани.

- Advertisement -

Во моментов во датабазите на Агенцијата  има 185 илјади неварботени од кои 131 илјада  се активни баратели а 54 илјади се пасивни баратели на работа и се пријавуваат на секои шест месеци.

Денеска надлежните ги презентираа резултатите од Оперативниот план со кој се ублажуваа последиците од коронавирусот во економскиот сектор а бројките покажуваат дека активните мерки и програми за вработување минатата година опфатиле 11.292 лица а планот бил реализиран со високи 96,4 отсто.

- Advertisement -

Преку овој оперативен план како помош се реализирани 1 милијарда и 495 милиони денари од кои 593 милиони биле наменети за директно креирање нови работни места.

Сподели!
- Advertisement -