Научници открија зошто заразата со омикрон е поблага отколку со делта варијантата

- Advertisement -

Научници ја идентификуваа можната причина зошто заразата со омикрон е поблага од останатите варијанти на корона вирусот. Истражувањата покажале дека омикрон е поосетлив на имунолошката реакција на луѓето отколку делта варијантата, објавија научници од Германија и Велика Британија во списанието Cell Research.

„Во нашето истражување прв пат е објаснето зошто инфекцијата со омикрон поретко предизвикува тежок облик на болеста“ изјави Мартин Маикаелис од Одделот за бионаука при Универзитетот Кент, чиј тим го спровел истражувањето во Универзитетската болница во Франкфурт.

- Advertisement -

Изгледа дека омикрон, за разлика од делта, не успева да ги спречи заразените клетки да произведуваат и да лачат интерферон, односно природниот протеин заслужен за имунолошкиот одговор, кој е присутен во сите човечки клетки.

Заразените клетки произведуваат интерферон. Поедноставно кажано, тие материи служат како гласници, кои, меѓу другото, ги информираат останатите клетки за присуството на вирусот. Според ова истражување, делта варијантата се покажала поуспешна од омикрон во блокирањето на производството на интерферон.

- Advertisement -

Интерферонот е битен за неспецифичен имунолошки одговор, односно за многу брза и општа реакција на имунолошкиот систем во борбата против патогените. Неспецифичниот имунолошки одговор треба да го разликуваме од специфичниот имунолошки одговор, на кој му е потребно повеќе време за да се активира. Со специфичниот имунолошки одговор се создаваат антитела кои постојат за да се борат против патогените.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -