PROBIOTIC линијата на Виталија со признание за иновативност на водечкиот светски саем ISM Келн 2022

- Advertisement -

Македонската компанија Виталиа уште еднаш ги претстави своите слатки и здрави производи на престижниот саем за кондиторија, ISM Келн. И оваа година, Виталиа забележа уште едно успешно учество и оттаму се враќа со признание за иновативност, која ја доби за својата нова линија на пробиотски производи.

- Advertisement -

ISM Келн е најголемиот европски саем за кондиторски производи, на кој традиционално се претставуваат нови вкусови, технологии, начини на производство и се истакнуваат најиновативните откритија во светот на кондиторијата за изминатата година.

Помеѓу производите кои предизвикаа најголем интерес кај присутните, па и кај медиумите, беше иновативната пробиотска линија на Виталиа, која освои признание за иновативност за 2022 година. Оваа линија се состои од два вида на производи: Пробиотски колачиња и Пробиотски овесни каши, кои се извор на протеин и растителни влакна, а притоа не содржат додадени шеќери. Со својата уникатна рецептура, повеќе од 3 милијарди пробиотици и 5 различни бактерии корисни за дигестивниот систем, пробиотската линија таргетира потрошувачи кои практикуваат внес на храна со додадена вредност и функционалност за одржување на внатрешен баланс и добра дигестија, отварајќи нов сегмент во категоријата здрава храна и придонес за раст на истата.

- Advertisement -

Овие производи се одговор на Виталиа за се’ поголемата побарувачка за здрава и вкусна храна која се јаде „од нога“ и обезбедува замена за тешките, обемни оброци на кои сме навикнати. Дополнително, Виталиа се претстави и во Innovation room со своите протеински кремови – слатки и здрави производи без шеќери, засладени само со нискокалоричната природна стевиа.

Саемот ISM Келн оваа година трае од 30.01 до 02.02.2022. На него производи изложуваат најзначајните фирми од оваа индустрија и доаѓаат посетители од целиот свет. Оваа година на саемот во Келн учествуваат повеќе од 1.800 производители од 76 земји од светот, а се очекуваат повеќе од 38.000 посетители од индустријата и сегментот кондиторија од сите континенти и страни на светот.

Сподели!
- Advertisement -