Гигантот Фејсбук доживеа пад на бројот на дневни активности на корисниците (DAU) прв пат во својата 18-годишна историја. Од матичната компанија на Фејсбук, Мета Нетворкс, велат дека DAU паднал на 1.929 милијарди во три месеци до крајот на декември, во споредба со 1.930 милијарди во претходното тромесечие.
Компанијата исто така предупредила на успорување на растот на приходи, соочена со конкуренцијата како ТикТок и Јутјуб, додека огласувачите исто така ја намалуваат потрошувачката. Акциите на Мета бележат пад за повеќе од 20%. Падот на цените на акциите на Мета избишал околу 200 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата.
Акциите и на другите платформи на социјалните мрежи, вклучително и Твитер, Снеп и Пинтерест, исто така имаат голем пад.
Извршниот директор, Марк Цукерберг вели дека тоа се случило бидејќи публиката, особено младите, се префрлаат кај конкурентите.
Од компанијата Мета, која ја поседува втората најголема светска платформа за дигитално огласување после Гугл, исто така истакнуваат и дека ја погодиле и промените на приватноста на оперативниот систем на „Ејпл“.
Фото – Flickr