Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54 % во однос на Одлуката од 31.1.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,537 ден/кг.
Од 8.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,537 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 3,662 %, кај дизелот за 4,010 % , кај екстра лесното масло за 3,372 % и кај мазутот за 4,670 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,347 % .
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.2.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни
нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 31.1.2022) се дадени во табела на веб страната на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ www.erc.org.mk.
(фото: Pikist)