Неправилното држење на телефонот може да предизвика воспаление на нервите и тетивите

- Advertisement -

Кога би ве прашале каде ви е телефонот во овој момент, најголем дел од вас би одговориле – во рака. Но, како го држите во рака? Веројатно не размислувате во која положба го држите телефонот, но најверојатно долниот дел од телефонот го потпирате на малиот прст, го придржувате со двата средни прсти, а палецот врши најголем дел од работата. Иако таквата положба е природна, не е најздрава.

Имено, докторите предупредуваат дека долготрајното држење на телефонот во рака во таа положба може да предизвика проблеми со нервите во раката и дланката, но и многу други тешкотии. Можеби веќе ви е познат изразот „играчки палец“, односно воспалението на мускулите и тетивите во раката поради постојаното повторување на одредени движења како играње на конзола. Но, докторите предупредуваат и на појавата на „телефонски палец“. Иако уште не е медицински прифатен термин, станува збор за грчење или воспаление на малиот прст поради постојаното притискање на паметниот телефон меѓу палецот и малиот прст.

- Advertisement -

Како што појаснува за Washington Post терапевтката Ен Лунд од клиниката Мајо, малиот прст поради големината не може толку добро да го поднесе притисокот и неприродната положба како некој друг, поголем прст. Долготрајното држење на телефонот со малиот прст може да предизвика истегнување на лигаментите кои го поврзуваат прстот и остатокот од дланката.

Студија објавена во 2017 година предупреди дека луѓето кои интензивно го користат смартфонот (над 5 часа дневно) почесто имаат болки и трнење на дланката поради долготрајната положба во која се вкочанети прстите. Освен тоа, постојаното повторување на едни исто движења може да доведе до воспалување на тетивите и нервите во дланката.

- Advertisement -

За да избегнете болки во рацете и дланките, мора да го смените начинот на кој го држите телефонот. Најпрвин, мора да го направите телефонот подебел затоа што нашите раце не се дизајнирани за долготрајно држење мали и тенки предмети. Затоа ставете некоја подебела заштитна маска или некој од популарните држачи кои се лепат на задната страна, вели хирургот Стив Белднер. Исто така, треба што почесто да се исправуваат лактите за да се овозможи што подобра циркулација и да се нанали притисокот врз нервите.

Тие што користат телефон неколку часа без прекин треба почесто да прават паузи и да ги истегнуваат мускулите на рацете со едноставни вежби. Доволно е да ја истегнат раката и прстите над главата. Освен тоа, секогаш кога има прилика треба да се избегнува држење на телефонот во раката туку да се постави на држач на маса или на која било рамна површина и потоа да се користат други прсти за користење.

- Advertisement -

Можете дури и да правите вежби кои ги прават гејмерите за загревање, како што можете да видите од следното видео.

(Dnevnik.hr)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -