Инвестициската банка Ј.П. Морган предупредува дека нафтата од типот Брент може да достигне ниво од 120 долари за барел доколку се влоши кризната ситуација меѓу Русија и Украина и САД воведат санкции за извозот на руска нафта.
Русија е еден од трите најголеми производители на нафта во светот, со околу 11 милиони барели дневно. Околу половина од тоа се извезува, од кои најголемиот дел во Кина. Сепак, дури и ако рускиот извоз само се преполови, цената на нафтата може да скокне на 150 долари, наведува Ј.П. Морган.
Според порталот „OilPrice.com“ за администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, изборот помеѓу санкционирање на извозот на руската нафта и контрола на нивото на малопродажните цени на бензинот на американските бензински пумпи е сценарио без победа.
(Denar.mk)
(фото: Pxfuel)