Аерозагадувањето може да влијае врз квалитетот на спермата, покажува ново истражување

- Advertisement -

Аерозагадувањето може да влијае врз квалитетот на спермата, особено врз можноста таа да „плива“ во вистинската дирекција, вели ново истражување кое ја анализирало спермата на над 30.000 мажи во Кина.

Гардијан“ пренесува дека истражувањето кое е објавено во научното списание „JAMA Networks“, сугерира дека колку се помали загадувачките честици во воздухот, толку е поголемо поврзувањето со нискиот квалитет на спермата.

- Advertisement -

„Нашите резултати сугерираат дека помалите честички може да се посилни од поголемите кога станува збор за квалитетот на спермата“, напишале истражувачите. Тие веруваат дека ваквите резултати се уште една причина да се намали изложеноста на загаден воздух кај мажите во репродуктивна возраст.

Истражувачите долго време се обидуваат да одгатнат дали постои поврзаност меѓу аерозагаувањето и квалитетот на спермата, но тоа сè уште е нејасно бидејќи резултатите од истражувањата на оваа проблематика неретко не се усогласени.

- Advertisement -

Истражувачите од Одделот за медицина при Универзитетот Тонгџи во Шангај користеле податоци од вкупно 33.876 мажи од 340 кинески градови, на просечна возраст од 34 години. Сите мажи вклучени во истражувањето имале различна изложеност на аерозагадување, а нивните сопруги останале бремени преку репродукциска технологија во периодот од јануари 2013 и декември 2019 година.

Податоците покажуваат дека ефектите од загадувањето се поизразени кога изложувањето се случува во текот на почетниот дел од 90-те дена од создавањето на спермата – оној наречен сперматогенеза – наместо во другите две фази. Ова според истажувачите може да значи дека честичките влијаат на спермата на генетско ниво, но ваквите резултати треба да се потковаат и со други истражувања.

- Advertisement -

„Можноста за поврзаност помеѓу загадениот воздух и квалитетот на семената течност е предложена во голем број студии во текот на годините, иако не сите се согласуваат со овој заклучок. Овој труд додава на базата на докази што сугерира дека врската е реална, и е импресивен бидејќи користи податоци за квалитетот на спермата од над 30.000 мажи“, изјавил Алан Пејси, професор по андрологија на Универзитетот во Шефилд, кој не бил вклучен во истражувањето.

Извор – Радио МОФ
Фото – Max Pixel

Сподели!
- Advertisement -