„Cboard“ – апликација за помош на лицата со потешкотии во говор и комуникација

- Advertisement -

Живееме во едно современо време, време на технологија каде што скоро во секој дом можеме да забележиме употреба на паметни уреди, телефони, таблети и сл. Меѓутоа овој пат имаме можност тие уреди да ги примениме на поинаков начин кој ќе им помогне на лицата со потешкотии во говор и комуникација да можат да комуницираат со своето блиско опкружување.  За таа цел се локализира на македонски и албански бесплатната апликација Cboard.

Вака Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ ја објаснува потребата за Cboard, апликација која неодамна беше претставена и на вебинар за „Алтернативна и аугументивна комуникација“, дел од проектот „Инклузија на деца со попречечност во предучилишно образование“.

- Advertisement -

Од „Отворете ги прозорците“ oбјаснуваат дека оваа апликација е наменета за сите лица, деца и возрасни кои имаат тешкотија во говорот и комуникацијата.

„Со самата примена ќе се олесни вклучувањето на лицето кое има говорна тешкотија во сите сфери на општеството. Со самото ова се прави олеснување и на слушателот на корисникот не зависно дали станува збор за член од семејство, наставник, вработени лица во одредени институции, маркети молови и сл“, посочуваат од Здружението.

- Advertisement -

Всушност, велат тие, апликацијата е еден вид на комуникациска табла и преку употребата на синтетизираниот говор корисниците полесно ќе можат да се изразат и да споделат кои се нивните моментални потреби, желби, интереси или пак активности.

Целиот текст прочитајте го на Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -