Почна најголемиот светски саем посветен на мобилната технологија

- Advertisement -

Во Барселона деновиве се одржува Mobile World Congress – MWC 2022, најголемиот светски саем посветен на мобилните технологии. Од 28 февруари до 3 март Барселона ќе биде дом на 1.500 изложувачи, кои ќе ги претстават своите најнови достигнувања во мобилната индустрија.

Конгресот ќе привлече стотина илјади посетители во седум хали на конгресиот центар, а планирани се и бројни конференции и посебни програми. Предвидено е учество на 1.000 говорници.

- Advertisement -

Една од најголемите компании годинава на конгресот е кинескиот гигант Huawei. Оттаму нагласуваат дека дигитализацијата брзо напредува и дека компанијата во време на пандемија преку разни активности од типот на изложби и онлајн презентации им овозможила на корисниците од прва рака да ги почувстуваат сите предности на дигитализацијата и корисничките сервиси.

Новина на годинашниот конгрес е Индустрискиот град, кој создава една активна средина за склучување договори. Поради пандемијата на корона вирусот MWC беше откажан во 2020 година, а минатата година се одржа во помал формат. Организаторите годинава настојуваат овој светски настан во мобилната индустрија да го одржат во полн капацитет.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: MWC)

Сподели!
- Advertisement -