Oткриена најголемата галаксија досега

- Advertisement -

Радио галаксијата „Alcyoneus“ оддалечена околу 3 милијарди светлосни години е најголемата галаксија откриена досега. Џиновските галаксии воедно се едни од најголемите мистерии во свемирот, составени од ѕвезди кои кружат околу галактичко јадро во кое се наоѓа супермасивна црна дупка но и огромни млазови и клапни кои избиваат од галактичкиот центар.

Овие млазови и клапни во интеракција со меѓугалактичкиот медиум делуваат како акцелератор на честичките кои ги забрзуваат електроните кои емитуваат радио бранови. Научниците се прилично сигурни дека знаат што произведуваат млазовите – активна супермасивна црна дупка во галактичкиот центар. Црната дупка се нарекува „активна“ кога ќе проголта огромен материјал околу себе. Но, не може

Научниците се прилично сигурни дека знаат што произведуваат тие млазници – активна супермасивна црна дупка во галактичкиот центар. Црната дупка се нарекува активна кога проголтува материјали од огормниот диск со материјали околу неа.

- Advertisement -

Но, не може сиот материјал од акрециониот диск да заврши во црната дупка. Мал дел од тој материјал некако стигнува од акрециониот диск со половите, каде што се изфрла во вселената во форма на јонизирана плазма. Овие млазници можат да патуваат големи растојанија пред да се прожират во џиновска клапна која емитува радиобранови.

Тоа е класичен процес и дури и Млечниот пат има такви резови. Но, она што го знаеме е дека во некои галаксии тие клапни растат до огромни димензии и создаваат џиновски радиогалаксии, пишува Science Alert.

- Advertisement -

Научниците откриле дека новооткриената галаксија е прилично нормална елиптична галаксија со супермасивна црна дупка во центарот, која е околу 400 милиони пати помасивна од Сонцето.

(Science Alert)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -