Преку „Визија 2025“ Хеленик Петролеум прави стратешки исчекор кон одржлив раст и еколошка енергија
Хеленик Петролеум ја заокружи 2021 година со подобрени оперативни и финансиски резултати, успешно корпоративно преструктуирање и непречено спроведување на новиот стратешки план за трансформација и одржлив раст на Групацијата наречен „Визија 2025“. Оваа стратешка инцијатива, предвидува дефинирање на јасни еколошки цели, зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во Групацијата, како и усогласување на корпоративната структура и деловната стратегија со трансформацијата.
Во врска со достигнувањата на компанијата во текот на минатата година, Андреас Сиамисис, главен извршен директор на Групацијата, изјави: „2021 година беше пресвртница за Хеленик Петролеум, бидејќи забележавме значаен напредок во областите што ја редефинираа нашата стратегија и нашата трансформација кон поеколошка енергетска Групација. Преку спроведување на сеопфатниот план „Визија 2025“, го унапредивме начинот на корпоративно управување, успешно го завршивме корпоративното преструктуирање, и ставивме стратешки акцент кон развојот на зелена енергија, одлука што едногласно беше прифатена од страна на пазарот, акционерите, сопствениците на обврзници, доверителите и од раководната структура. Групацијата ќе продолжи да игра водечка улога на енергетскиот пазар, со цел да го подобриме нашето влијание врз животната средина за 50% до 2030 година, како и постепено да преминеме кон поеколошки извори на енергија и горива. Во овој контекст, со вкупно капитални инвестиции од 400 милиони евра во 2021 година, од кои 60% се однесуваат на развој на енергија од обновливи извори. Во однос на финансиските резултати, подобрувањето на нашите оперативни резултати, со зголемено производство и извоз во меѓународно опкружување полно со предизвици, е резултат на континуираните напори за подобрување на нашата конкурентност. Посебен акцент е ставен на дигиталната трансформација, која се спроведува во рамки на долгорочен амбициозен план, фокусиран на организациска флексибилност и раст на меѓународното тргување.”
Значајни инвестиции во обновливи извори на енергија бележи и компанијата ОКТА, која во 2021 година, започна со имплементација на инвестициски план наменет за изградба на фотоволтаична централа во рамки на инсталацијата во Миладиновци. Со капацитет од 12 MW, централата е предвидено да произведува околу 17.000 MWh зелена енергија на годишно ниво. Во енергетското портфолиото на ОКТА влегуваат и пет фотоволтаични централи со вкупен капацитет од 440 kW, инсталирани на повеќе различни капацитети ширум земјава, со годишно производство од околу 550 MWh зелена енергија.
ОКТА – општествено одговорна компанија, главен снабдувач на пазарот со гориво
Компанијата успешно се справи со предизвиците со кои се соочи во услови на несигурно пазарно опкружување во втората година од здравствената криза, континуирано одржувајќи строги здравствени и безбедносни стандарди. ОКТА продолжи со поддршката за здравствениот систем во државата во справувањето со пандемијата со КОВИД-19, со донации за брзо откривање присуство на SARS-CoV-2 вирусот. Во текот на изминатата година, ОКТА донираше три нови инклузивни игралишта во рамки на проектот “Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, чија цел е да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. За нивното партнерство во проектот, ОКТА и Фондацијата „Чекор по Чекор“ ја добија Наградата за филантропија за 2021 година.
ОКТА како главен снабдувач на гориво во земјата, како за време на пандемијата, така и во услови на глобалната енергетска криза предизвикана од настаните во Украина, продолжува со континуирана оперативност, со цел да обезбеди стабилно и сигурно снабдување на домашниот пазар.