Американскиот претседател Бајден забрани увоз на нафта од Русија

- Advertisement -

Американскиот претседател Џо Бајден денес најави забрани на увозот на нафта и други извори на енергија од Русија.

„Забрануваме секаков увоз на нафта и гас од Русија. Тоа значи дека руската нафта повеќе нема да се прифаќа на американските простаништа и американскиот народ со тоа ќе нанесе уште еден удар на воената машина на Путин“ изјави Бајден на прес-конференција.

- Advertisement -

Цените на нафтата скокнаа веднаш после објавата на оваа одлука. Бајден соработува со сојузници од Европа, кои се многу позависни од руската нафта, на изолирање на руската економија зависна од нафтата и на самиот Путин.

Пред објавата на Бајден, Велика Британија објави дека до крајот на 2022 година ќе го прекине увозот на нафта од Русија. Бајден рече дека санкциите наметнати од САД и од нивните сојузници веќе предизвикаа страшен пад на руската економија. Тој додаде дека последниот потег е направен во консултација со европските сојузници и партнери од целиот свет.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -