Google и YouTube неодамна престанаа да продаваат онлајн огласување во Русија после сличните потези кои ги направија Twitter и Snap како последица на руската инвазија во Украина.
„Како продолжение на тоа, оваа пауза ја прошируваме на сите наши содржини за монетизација, вклучувајќи го и YouTube Premium, членството на каналите, Super Chat и роба, за гледачите во Русија“ се вели во соопштението на YouTube.
YouTube каналите во Русија и понатаму ќе можат да генерираат приходи од гледачите надвор од Русија преку огласи и платени услуги, кои вклучуваат и Super Chat и продажба на роба.
Бесплатните апликации на Google Play исто така остануваат достапни и во Русија, според интернет страницата за поддршка на компанијата.
(Zimo)
(фото: Max Pixel)