Обединетото Кралство санкционираше уште 350 руски граѓани и компании поради бруталната инвазија на Путин врз Украина.
Огромната листа го усогласува Обединетото Кралство со санкциите објавени од ЕУ, што значи дека сега се санкционирани повеќе од 1.000 физички лица и субјекти.
Досега се погодени 18 олигарси, меѓу кои и шефот на ФК Челзи, Роман Абрамович и 386 руски пратеници.
Санкциониран е Сергеј Шојгу, руски политичар и армиски генерал.
Дмитриј Медведев, поранешен премиер и претседател на Русија, а сега заменик претседател на Советот за безбедност на Русија подлежи на санкциите.
Тука се и Петр Авен, шеф на Алфа банка до март 2022 година, Дмитриј Песков, прес-секретар на Владимир Путин и Маја Болотова, ќерка на Николај Токарев, претседател на руската гасоводна компанија Транснефт.
(Denar.mk)
(фото: Max Pixel)